Поради влошената епидемиолошка ситуација во Кантонот Сараево, од вечерва стапуваат во сила заострени рестриктивни мерки, па „полициски час“ наместо од 23 часот ќе почнува во 21 часот и ќе трае до 5 часот наутро. Оваа и други заострени мерки ќе бидат во сила следните 15 денови.
За време на тој период, според одлуката на кантонската Влада, ќе бидат затворени сите угостителски објекти, а ќе биде дозволена достава на храна. Се продолжува важењето на сите досега донесени мерки во тој Кантон, како што се задолжително носење заштитна маска на отворени и затворени простори, држење физичка дистанца, забрана за собири и без физичко присуство на настава.