Специјалната платформа за закажување термин за вакцинација во Грција од утрово е отворена и за граѓаните со хронични болести од висок ризик, како што се рак, бубрежна инсуфициенција, цистична фиброза, трансплантација, тешки срцеви болести, сериозни хронични респираторни заболувања итн. Следната седмица се очекува да биде отворена можноста за вакцинација за лицата од 70 до 74 години, а следниот месец за оние од 65 до 69.

Во Грција, во тек е процесот на имунизација на лицата над 75 годишна возраст, граѓаните меѓу 60 и 64 години, како и здравствените работници.

Заклучно со вчера 440.554 лица биле вакцинирани и со двете дози од вакцината, 935.274 граѓани ја примиле првата доза, а спроведени се вкупно 1.375.828 вакцинации.