Со видливи и тешки повреди струмичанецот кој вчера беше брутално претепан на својот фејсбук профил ја раскажа неговата страна на приказната.
-Им викав „Оставете ме, ќе умрам, не можам да издржам“. Не ме оставија, ме тепаа колку што сакаа. Со палки, со стапови врз мене. Цел сум тепан, цел сум уништен. Ме подигна една женичка, јас станав да си одам. На кружниот тек горе, обезбедувањето сакаше со кола да ме згази, Саше се вика, на Зоран Заев обезбедувањето. Има камера, нека видат, вели тој.
Целото негово сведоштво можете да го погледнете во видеото во продолжение: