Луѓе поминуваат и по неколку денови по ковид центрите, сами си бараат кревети оти никаде нема кревет слободен вели за Алфа доктор Ненад Лазаров. Според него смирувањата на министерството дека слободни кревети има се нереални.
-А излегуваат на пресови надлежните и кажуваат бројки што се нереални, каде се тие кревети?Имаме секојдневно случаи каде што имаме потреба од хоспитализација а пацинетите чекаат, вели Лазаров. Тој работи и преку т.н. мобилна амбуланта циркулирајќи на повик од пациенти, тврди дека на терен состојбата е катастрофална.
-Во април не очекува уште поголем наплив и доколку веднаш не преземеме драстични мерки ние треба да очекуваме можеби и уште наредна недела 1500 – 1600 нови случаи на ден. И таа бројка се очекува да расте и понатака..и од тука произлегува дека и бројот на хоспитализирани ќе расте. Огромен е и напливот на пацинети со лесни или евентуално средно-тешки симптоми ние на примарно ниво се трудиме да ги менаџираме. Навистина ова е неиздрживо како физички така и психички, вели Лазаров.
За да се ивлечеме од оваа страшна состојба итно се потребни и поагресивни мерки и подобро менаџирање на здравствениот систем нагласува тој.
-Ние од самиот старт на пандемијата касниме со мерките.Тие се веќе застарени во моментот кога ги донесуваат зошто го тврдам тоа – затоа што образложенијата се дека се чекаат бројките, тоа не превенција кога чекаш да видиш дали имаш зголемување.Полицискиот час е нонсенс од повеќе причини, главната е што никој не го чувствува тој полициски час.Треба поагресивни мерки, кажа докторот.