Битолчанецот Зоран Пејковски ја промовира новата книга „Хрватски театарски актери и режисери што работеле во Македонија од 1913 до 1941 година“, посветена на хрватските уметници и нивниот придонесна македонската културна сцена.

Во книгата авторот потсетува на имињата на театарските дејци кои прераснале во легенди, луѓе кои дел од својот творечки опус го создале во нашата држава, нагласува Пејковски.

-Хрватските театараски актери ја продлабочуваат историската димензија на хрватско-македонските културните врски и се вложуваат во културните достоинства на македонскиот театар. Трудот спасува од заборав многумина од нив, го освежува нивниот драмски подвиг и ја зацврстува историјата на македонско-хрватските културни врски во еден досега недоволно допрен сегмент, посочува Пејковски.