Следни чекори би биле зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратувањето на работата на угостителските објекти, дополнително од тоа што е сега до 21 часот. Тоа е следното можно сценарио, на почетокот на следната недела ќе се прави проценката, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Заклучокот и ставот, дополни, е дека на почетокот на следната недела ќе се прави нова проценка и дека ќе има резултати од полицискиот час.

– Денеска имаме помалку од 1000 случаи, наша проценка е дека веќе викендот и на почетокот на следната недела ќе имаме резултати од полицискиот час како што е препорачано сега, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање кои се следните мекри доколку дојде до вложување на ситуацијата со пандемијата.

Како што оваа недела неколку медиуми наавија дека Комисијата за заразни болести била на став дека за време на викендот полицискиот час треба да почнува во 17:00 и да завршува во 05:00 наредниот ден и кога цела јавност очекуваше дека Филипче ќе го соопшти токму тоа на последната прес-конференција, сепак до такво нешто не дојде а кулоарите се шпекулира дека таквата одлука е пролонгирана поради внатрепартиските избори во СДСМ кој се закажани за во недела а на кои само Зоран Заев е кандидат иако власта вели дека тие ќе бидат најдемократски досега.

Со оглед на тоа што Вицепремиерот за броба против корупцијата Љупчо Николовски по неговото враќање од „продолжениот викенд“ во Дубаи е насочен кон спроведување на овие избори и како што вели власта дека на истите треба да гласаат околу 69.000 луѓе во 80 општински организации на СДСМ во периодот од 08:00 до 19:00 часот, повеќе од јасно е дека во средата власта не го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести само поради овие избори, кои доколку беше пролонгиран полицискиот час истите немаше да може да бидат спроведени.

Веројатно и во случај, власта се води од премисата „Нема компромис со здравјето на граѓаните“.