Со маска на која пишува Лиде Венко, на социјалните мрежи, популарната Лиде Лиде објави слика со Венко Филипче со коментар дека конечно се сретнале.

Како што веќе и познато на јавноста, Лиде Лиде се прослави со нејзините коментари на прес-конференциите на министерот за здравство Венко Филипче на почетокот на короната криза, а прес-конференции кои по изборите можат да се избројат на прсти.

Во една емисија министерот беше прашан дали ќе пие кафе со Лиде Лиде на што тој одговори потврдно но и додаде дека тоа ќе се случи кога ќе заврши кризата со пандемијата.

Оттука, од сликата нејасно е дали пиеле кафе и дали можеби за Министерот Филипче корона кризата е веќе завршена, како што тој самиот изјави, но останува јасно, дека вакцини за граѓаните нема, а нема ни договор со компанијата Фајзер, за кој министерот четири месеци велеше дека има и дека кај и да е вакцините од овој производител ќе пристигнат.