Генералниот секретар на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ со писмена реакција за најавеното повлекување на Турција од Истанбулската конвенција на Советот на Европа, што според неа е „поразителна вест“, јави дописникот на МИА.

-Најавувањето на Турција за повлекување од Истанбулската конвенција на Советот на Европа за насилство врз жени е поразителна вест, вели Марија Пејчиновиќ Буриќ.

-Овој потег е огромно враќање назад во овие напори и уште повеќе е за жалење затоа што ја загрозува заштитата на жените во Турција, низ Европа и пошироко , нагласува понатаму Генералниот секретар на Советот на Европа.

Истанбулската конвенција опфаќа 34 европски земји и нашироко се смета како „златен стандард“ во меѓународните напори за заштита на жените и девојчињата од насилство со кое се соочуваат секој ден во нашите општества.