Додека Македонија урива рекорди во ковид кризата и додека дел од македонските граѓани чекаат вакцини а дел одат да се вакцинираат во соседните земји, министерот за здравство и најодговорен за здравствената ситуација во нашата земја, се чини дека повеќе е зафатен со партиските работи.

Откако денес во јавноста се објави информација дека гласал на партиските избори на кои имаше само еден кандидат, Филипче на социјалните мрежи му ја честиташе победата на Зоран Заев, која до самиот крај беше „неизвесна“.

- Зоран Заев е промената во општеството која генерации граѓани ја чекаа за да ги исполнат соништата на своите деца. СДСМ продлжува сигурно напред со човекот кој донесе големи промени и храбри одлуки за иднината на земјата. Тој ја обединува партијата, но и граѓаните на целата држава и затоа е вистинскиот избор за лидер на СДСМ. Му посакувам успешен мандат, напиша Филипче.