Изгледа треба посериозно да работиме на примената на превентивните мерки со цел да можеме да ја намалиме трансимисјата на вирусот, вели доктор Злате Мехмедовиќ, специјалист по трудова медицина за Алфа. Според него општо гледано во земјава, на сите полиња на тема ковид-пандемија сме на погрешна линија.
-На сите полиња сме некако на погрешна нога застанати и доколку набрзо не се промени нешто околу пристапот на третирањето на оваа пандемија мислам дека ќе имаме навистина сериозни проблеми. Превентивните мерки се мерките коишто треба динамично да се носат и тие мерки се носат пред се поради тоа што немате поинаков начин да ја моделирате оваа пандемија и да го движите текот на пандемијата. Не може да донесете превентивни мерки, а притоа истите да не ги следите, нагласува Мехмедовиќ.
Според д-р Мехмедовиќ сите вакцини се безбедни вклучувајќи ја и онаа на Астра Зенека – затоа е важно што поскоро да ги имаме. Но и кога Македонија ќе ја започне имунизацијата важно е да не се реалксираат мерките.