Шпанската компанија „СЕАТ“ подготвува мал електричен теренец за 2025 година. Новиот модел ќе оди на електричен погон и ќе одговара на димензиите на денешната „Арона“.

Возилото ќе се заснова на модифицирана платформа „МЕБ-Лајт“, дизајнирана за компактни возила што ќе ја користат и „Фолксваген ИД 1“ и „ИД 2“, кои ќе се појават на пазарот порано. Шефот на СЕАТ, Вејн Грифитс првпат го објави планот за новиот компактен електричен модел во февруари.

Тој тогаш рече дека „СЕАТ“ и „Купра“ ќе помогнат електричните автомобили да бидат подостапни за пошироката јавност нудејќи градски мал електричен автомобил и дека ова е проект на кој се работи со групацијата „Фолксваген“.

– Овој сегмент во Европа е огромен и ќе ги менува електричните автомобили. Ќе биде тешко, а полесно е со „Порше Тајкан“, што е на врвот на пазарот. Кога работите со помали автомобили, заработувањето пари е предизвик, рече Грифитс.

Верзиите на потенцијалниот дизајн се завршени, а новиот модел најверојатно ќе биде објавен оваа година. Целта е тој да биде подготвен за пазарот до 2025 година. Капацитетот на најголемата батерија ќе биде 45 киловат-часови.


Администратор
23/03/2021 16:07