Во организација на македонската асоцијација на новинари МАН и Здружението на новинарите на Србија (УНС) денеска 100 новинари и медиумски работници од Македонија се вакцинираа против ковид-19 .

Со обезбеден автобуски превоз од МАН или со личен превоз по избор новинарите беа во Врање на вакцинација со АстраЗенека, а обезбедена е и втора вакцина за ревакцинација.

Повикот за заинтересираност беше објавен минатиот петок, а веќе наредниот ден квотата била исполнета.

На барање на МАН, Здружението на новинари на Србија преку кабинетот на Претседателот на Србија Александар Вучиќ, одобрена ни е вакцинација и ревакцинација за 100 лица која денес е успешно спроведена. Барем 100 новинари од Македонија се од денес заштитени од вирусот Ковид 19“, изјави новинарката Ивона Талевска, претседател на МАН.

Воедно, во процесот на вакцинација учество земаа и дел од новинарите во редакцијата на Makpress.mk