Дел од аналитичарите предупредуваат дека самоизборот на Зоран Заев за старонов претседател на СДСМ е зациментирање на неговата моќ и позиција во партијата, што му дава сила да се пресметува со неистомислениците.

-Не можеме да говориме за избор ако имаме само еден кандидат, за да има избор треба да има барем двајца од кои што ќе може да се избере еден. Заев сега си обезбеди мандат за кој може, и по пораз на избори парламентарни/локални, да тврди дека му е даден од гласачите и во наредните 4 години да си остане лидер. Иако, на приер, на есен СДСМ може да ги изгуби локалните избори или пак парламентарни ако се случат. Во секој случај на 5-6 месеци до локалните избори Заев си се осигура дека следните 4 години тој ќе ја раководи партијата, смета аналитичарот Владимир Божиновски од Интитутот за политички истражувања.

Според него гласањето беше организирано во среде пандемија, без разлика на опасноста од ширењето на вирусот.

-Се одржаа избори со физичко присуство во време на пандемиија, се користеа државни простории за гласање, односно за партиски цели , нагласува тој.

Оттука, заклучокот е во прашална форма: што ќе забележат странските амбасади по гласањето во СДСМ, дали дека е демократски и европски процес, или?