Од 9:00 до 12:00 часот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците „Демир Трајко” и „Московска” во општина Карпош.
Во периодот од 9:00 до 15:00 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Борис Трајковски” бр.62, објектите на „НИКОБ”, „Рамстор”, „А-1″ до „Тинекс” маркет, како и подулиците со број „6″, „8″, „10″ и „12″ во општина Кисела Вода.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа.