Бугарските државјани ќе можат да се вакцинираат во најголемата болница за итни случаи во Софија „Пирогов” со вакцината на „Астра Зенека” и без претходна регистрација, јави БНТ, пренесува дописникот на МИА од Софија.

По имунизацијата на оние кои се запишале преку Националниот електронски систем, медицинската установа има количини што можат да ги користат оние кои сакаат да се вакцинираат без закажување преку Интернет.

Поради ова, најголемата болница за итни случаи во Бугарија „Пирогов” отвори четири пункта за имунизација со вакцината „АстраЗенека“. Оттаму велат дека ќе биде прифатен секој што сака да биде имунизиран и без закажување.

Пунктовите за имунизација ќе бидат отворени денеска од 9 до 17 часот.