По повод 17-годишнината од приемот на Бугарија во НАТО премиерот Бојко Борисов на својот официјален профил на Фејсбук коментираше дека „Бугарија е членка на најуспешната политичко-воена алијанса во светот. Благодарение на НАТО, нашата безбедност денеска е загарантирана и бугарските граѓани се заштитетни“, пренесува дописникот на МИА во Софија.
“Ние сме силно посветен и одговорен сојузник. И во иднина ќе продолжиме да бидеме сигурен партнер. Ние сме посветени на зголемување на инвестициите во одбраната. Алијансата е наша сегашност и иднина. Ја поддржуваме амбицијата за процесот на НАТО 2030 година, чија цел е преку дијалог, единство и работа, земјите од НАТО да продолжат да ги решаваат безбедносните предизвици и закани, како и да ги штитат слободата и мирот“, напиша бугарскиот премиер на својот Фејсбук профил.