Насилствотото преку Интернет беше тема на дискусија на годинешната работилница одржана во охридското основно училиште „Братство единство“, во рамки на мултикултурниот проект „Отворен ден по граѓанско образование“.
На работилницата што оваа година се одржа онјлајн поради епидемијата на коронавирусот, беа презентирани трудови на ученици и нивни активности поврзани со сајбер- насилството и негови облици, како проблеми на современото живеење.
Од учесниците на работилницата се испратени пораки против насилството преку Интернет, да не се навредува, дискриминира, омаловажува кога се комуницира, да се внимава што се објавува на социјалните мрежи. аб/хс/