Со по 70 термини дневно и четири ангажирани екипи на Општата болница во Охрид стартуваше процесот на вакцинирање на граѓаните против Ковид-19.

Вакцинацијата почнува со граѓаните на Охрид и околината постари од 77 години, за кои во првата испорака се доставени 800 вакцини на „Астра Зенека".

Вакцинирањето се одвива преку закажување од матичен лекар, по системот „Мој термин".

Процесот на вакцинирање на населението ќе се одвива во просториите на Службата за превентивна здравствена заштита на деца и младинци, каде и досега се вршеше вакцинирање на населението. Влезот е обележан, а присутно е и обезбедување за непречено одвивање на процесот на вакцинирање и почитување на предвидените здравствени безбедносни протоколи.