Со чартер лет од Лезбос, утрово, за Хановер заминаа 120 признати бегалци во рамките на европската програма за релокација, јави дописничката на МИА од Атина.
Станува збор за последната група баратели на азил што од грчкиот остров заминува за германскиот град, со што бројот на релоцирани бегалци во Германија достигна до 1.553 лица.
Од Министерството за миграција и азил на Грција соопштуваат дека следните седмици ќе замине и последниот планиран лет од Атина за Хановер, со што ќе заврши процесот на релокација на вкупно 2.750 бегалци од Грција во Германија.