Почна вакцинацијата против Ковид 19 во вакциналниот пункт на Здравствен Дом Куманово. Повозрасни лица, вкупно 78 се пријавени за денеска, информираа лекарите.

– Почнавме утрово од осум часот се термините, има заинтересираност, термините се на 10 минути, сите досега закажани дојдоа и примија вакцина. Термините се до вечер. Вакцинираните остануваат дваесетина минути по вакцина, ги надгледуваме и си одат дома. Како нормална реакција како и претходните вакцини, може да се јави локално, болка, црвенило, оток, покачена температура, но со минлив карактер. Препорака до граѓаните слободно да се јават кај матичните, да си земат термин и да примаат вакцина-изјави доктор Сузана Атанасовска од Здравствен дом Куманово.

Вакцинацијата преку „Мој термин“ ја закажува матичниот лекар, пациентите се евидентирани електронски, пополнуваат согласност, се издава картончето со општи податоци за пациентите, откако лекарот дозволува дека пациентот може да се вакцинира се пишува името на вакцината, производителот, датумот и часот кога е примена, се става факсимил, печат, потпис и се закажува датум и час за ревакцинација, која се спроведува после 84 дена.

Граѓаните кои денеска се вакцинираа кажаа дека со нетрпение ја очекувале вакцината и дека без двоумење ја примаат.

Лекарите и медицинските сестри претходно проследиле обука.