Традиционалната Франкофонска вечер во Крива Паланка ќе се одржи вечер од 19 часот, но оваа година првпат ќе биде онлајн, на Зум-платформата. Настанот е во организација на фондот за донации „Бел Идеал” од Париз.

– Настанот ќе се одржи во соработка со „Бел Идеал” и претседателката Јадранка Бојковска-Бенрждал, основно општинско училиште „Јоаким Крчовски” и средно општинско училиште “Ѓорче Петров”. Пандемијата не беше пречка за младите франкофони од Крива Паланка кои, преку песна, поезија, театар, глума и креативност, повторно ќе ги покажат своите знаења и вештини по француски јазик, изјави Елена Николовска, наставник по француски јазик во ООУ „Јоаким Крчовски”.

Учениците работеа под менторство на професорките по француски јазик Елена Николовска и Сашка Младеновска.

– Соработката на „Бел Идеал” со кривопаланечките училишта трае веќе една година, организирајќи најразлични франкофонски активности и натпревари со цел да се мотивираат ученците да го изучуваат францускиот јазик како столб на Франкофонијата, подобро да ја запознаат француската култура и франкофонската воопшто, додаде Николовска.