Над 20.000 лица од бугарското Министерството за внатрешни работи ќе бидат задолжени за безбедноста на 7.026 избирачки места во државата. Тоа го изјави заменик директорот на Генералниот директорат на Националната полиција, Тодор Гребенаров, на брифингот посветен на организацијата, заштитата и законитоста на претстојните парламентарни избори на 4 април.
Околу 1.500 службеници на МВР се ставени во карантин и најверојатно нема да учествуваат на изборите.
Во Министерството за внатрешни работи е формиран штаб, кој работи заедно со сите институции вклучени во изборите.
Досега се доставени 144 сигнали за кршење на изборните правила, се вршат прелиминарни инспекции на 163 досиеја, покренати се 14 предистражни постапки, има 34 приведени.