Населеното место Сараќино, дел од Општина Тетово е местото каде ќе функционира десетиот Центар за ран детски развој, откако ќе се добие соодветна дозвола за работа од Министерството за труд и социјална политика. Објектот е изграден, а внатрешноста е целосно опремена.

-Нашата градинка доби уште еден центар за ран детски развој, 10-ти по ред. Се е завршено со успех и очекуваме дозвола за започнување со работа од страна на Министерство за труд и социјална политика, информираше Рамије Даути, директорката на Јавна установа детски градинки „Младост“.

Во посета на училиштето каде ќе функционира центарот за ран детски развој беше и градоначалничката Теута Арифи.

-Денес бев во Сараќино за да видам од поблиску дел од работите кои ги завршивме изминатиот период. Го изградивме и опремивме Центарот за ран детски развој во ова село. Инвестиравме уредување на дворот на основното училиште, инвестиција во износ од 2,5 милиони денари, Теута Арифи.

Со општински средства, според градоначалничката, во селото се поставени бекатон плочи на две улици во вредност од три милиони денари.