Гевгелискиот градоначалник, Сашо Поцков, денеска беше во посета на основното музичко училиште „Васо Карајанов“ каде заврши реализацијата на зафатите за подобрување на условите за работа со комплетна замена на дрвената столарија.

– -Со претходно изработен конзерваторски проект, водевме сметка да се зачуваат историските и естетските вредности на овој споменик на културата бидејќи зградата во кое се наоѓа училиштето е изградена пред повеќе од 130 години и е заштитена како споменик на културното наследство, рече градоначалникот Поцков.

Посочи дека замената на дрвената столарија чинела повеќе од 800.000 денари и дека општина Гевгелија ќе ги поддржува сите иницијативи за обновување и приспособување на просторните услови во сите образовни институции.

Директорката на училиштето, Сузана Стефанова, изрази благодарност за подобрените услови за работа, особено во делот на термичката и звучната изолација на објектот како и во балетската сала каде е поставен нов под за вежбање и настапи на младите балерини.