Се зголемува бројот на ученици во средното училиште „Ѓорче Петров” во Кавадарци, во кое се школуваат ученици од земјоделска, шумарска и здравствена струка. Земјоделско шумарското училиште денеска одбележа шеесет и пет години од постоењето.

Помошник директорот, Ефремчо Николов се осврна на залагањата за создавање на подобри услови за учење и работа во училиштето, поддршката од локалната самоуправа и други чинители кон остварување на таа цел, а проговори и за комплетното реновирање на училиштето.

-Имаме нова фармацевтска лабораторија која е по сите светски стандарди, нагласи Николов.

Тој информираше за субјектите кои даваат стипендии и практична настава за ученици од ова училиште. Од над 160, бројката на ученици од ова училиште се зголемила на околу 280 средношколци.