Со пуштање сини балони кон небото, во Кавадарци денеска беше дадена поддршка за лицата со аутизам.

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев појасни дека на ваков начин, со овој мал гест, симболично се одбележува Меѓународниот ден за поддршка на лицата со аутизам и им се испраќа порака дека ја имаат поддршката на заедницата.

-Симболично покажуваме дека сме секогаш тука за нив, нагласи Јанчев.

Тој информирајќи дека во овој, како што рече, мал но значаен настан, се вклучени и детската градинка „Рада Поцева“ и Основното општинско училиште „Страшо Пинџур“.

Јанчев потсети дека Општината реализираше проект за инклузија на децата со аутизам и најави дека во наредниот период ќе се реализираат поголеми проекти.

-Стручните лица кои ги имаме во училиштата кадешто учат овие дечиња, работат и на тоа да се создаде емпатија кај останатите деца и целосно да се почувствува еднаквоста, додаде Јанчев.