Во Општата болница во Гевгелија до 16 април се пополнети сите термини за вакцинирање на лица постари од 77 години, што почна денеска со вакцината на Астра Зенека.
Поради големиот интерес од болницата посочија дека секој ден, во терминот од 8 часот и 30 минити до 14 часот и 30 минути планираат да се вакцинираат по 40 лица, со динамика од едно лице на 10 минути, и со целосно почитување на протоколите од Министерството за здравство.
Општата болница од Гевгелија засега добила 400 вакцини, а вакцинирањето се одвива во просториите на Дијабет центарот на болницата.