Потребен е поголем ангажман од државните институции и наместо политика и празни ветувања, на аутистичните деца и нивните семејства треба им се овозможат подостоинствени услови. Оваа порака ја пренесе универзитетскиот професор Али Муслиу на панел дискусијата „Аутизмот зборува“ која се организираше во седиштето на здружението за лица со посебни потреби „Заедно Можеме“ во Гостивар.

За реалноста и проблемите со кои се соочуваат семејствата на лицата со посебни потреби зборуваше и претседателот на „Заедно можеме“ Шпенд Салија, кој напомена дека ниедна надлежна институција во нашата земја нема евиденција, ниту пак се знае точниот број на со аутизам. Тоа би било многу важно за да се преземат следни чекори и да се прави национална стратегија.

– Тоа што се прави локално ниво во Гостивар е за поздравување, но потребно е многу повеќе, а тоа може да го направи државата. Ние и нашите деца сме дел од исто општество и треба да бидиме прифатени како еднакви, рече Салија.

Панел дискусијата беше организирана по повод 2 април, Светскиот ден на аутизмот.