Издавачката куќа „Полица“ во соработка и со велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов –Џинот“ од изминатата сабота, секој ден имаат штанд за продажба на книги на платото пред Народниот театар во Велес.

Како што информира за МИА писателката Емилија Златкова Анастасова, која работи на штандот со рецензентот Ана Ѓуровска, на штандот што е отворен секое попладне од 13 до 17 часот, може да се најдат книги во издание на „Полица“, но и книги од други издавачи или да се порачаат.

-Во овие тешки денови на пандемија на Ковид кога повеќето на нас сме затворени, ова е можност до граѓаните – љубители на книги да набават некој нов роман или енциклопедија, а може и нешто да нарачаат, по избор. Воедно тука на отворениот штанд се на продажба и сите мои шест книги меѓу кои и „Близнаци“, „Детето во снегот“, „Неверство“ како и првата „Волшебното синџирче“, а која е роман за деца и млади, рече Златкова Анастасова.