Со потпишување на договори за вработување во Градски музеј Крива Паланка, се надмина долгогошишниот проблем со недостаток на стручен кадар во оваа установа. ЛУ Градски музеј Крива Паланка е формиран во 2006 година, петнаесет години работи во областа на етнологија, археологија и историја зачувувајќи и презентирајќи го културно-историското наследство, но досега имаше само едно вработено лице, директорот.
-Со обезбедување финаниски средства за вработување на лицата кои стрпливо работеа изминатиот период, некои и повеќе од пет години, како волонтери, се надмина долгогодишниот проблем со кој се соочуваше оваа локална установа, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски. Вработувања добија три лица: етнолог, историчар и архивист.
-Благодарност за разбирањето од страна на локалната самоуправа за проблемот што како установа го имаме повеќе од една деценија, како еден од двата музеја во државата што не се финансира од централно ниво за плати и надоместоци, ниту со блок-дотации. Колегите ќе работат во областа на етнологијата, во одделението за историја и одделението за евиденција и документација во музејот, посочи директорот на ЛУ Градски музеј, Крива Паланка, Драган Величковски. Музејот располага со три постојани поставки:етнолошка, историска и археолошка, кои неодамна и беа реконципирани и модернизирани, во музејот кој важи за пристапна институција има поставки со тактилни предмети со браево писмо, а аудио-тура за странци и лица со попреченост е достапна на пет јазици.
-Покрај поставките, музејот има и библиотека со над 2000 библиотечни единици, стручни изданија, литература донирана од нашите стучни соработници и набавена со средстав од музејот, Истата неодамна беше збогатена во 30 нови наслови од областа на историјата, од Институт за национална историја, Скопје, соработка која трае од почетоците на нашиот музеј, а беше интензивирана и очекуваме да даде пплодни резулатти во претстојнтио период, додаде Величковски. Кривопаланечкиот музеј располага и со збирка уметнички дела од локални автори, слики, книжевни изданија и носачи на звук.