Поради технички зафати во електро-системот на Град Скопје, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Сопиште и Ѓорче Петров.

– Во период од 9.00 до 13.00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улица 14 во населба Припор. Во период од 10.00 до 15.00 часот, пак, прекин на електрична енергија ќе имаат објектите во околината на железничката станица во село Волково, информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.


Администратор
05/04/2021 11:54