Во штипскиот ковид-центар слободни места има за седум пациенти. Во модуларната болница се хоспитализирани 42, а на Инфективното одделение 53 пациенти.

Секојдневно расте бројот на тешки пациенти, на кои им е потребна постојана кислородна поддршка. Во овој центар денеска зависни од кислород се 54 лица.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека Инфективното одделение за два дена се наполни, а таму веќе се ангажирани дополнително лекари специјалисти.

Во ковид-центарот заедно со тројцата инфектолози работат и анестезиолози, интернисти и кардиолози. Во денешниот здравствен билтен забележано е дека во изминатите 24 часа немаат починат пациент.

Ѓеорѓијев апелира граѓаните сериозно да ја сфатат состојбата и да ги почитуваат мерките бидејќи вирусот брзо се шири, а пациентите на кои им е потребен болнички третман доаѓаат во исклучителна тешка состојба.