Без вода од 7.30 до 14 часот ќе останат село Марена, населба Глишиќ и дел од Кавадарци, поради работа на главна водоводна линија.

Од Јавното претпријатие „Комуналец", појаснија дека покрај селото Марена и населбата Глишиќ, без вода за пиење ќе останат улиците „Шишка", „Блажо Алексов", булевар „Видое Смилевски" и останати споредни улици.

Оттаму ги замолија жителите од овој дел од општина Кавадарци, за разбирање и трпение.