„E39 M5“, според многумина, е еден од најдобрите автомобили во производство на „Бе-ем-ве“ во својата историја и солидна спортска лимузина, дури и според денешни стандарди. Еден примерок од неа е продаден за дури 200.000 американски долари.

Автомобилот беше продаден во Синсинати, Охајо, САД, преку „Ентузијаст ауто груп“ (ЕАГ), фирма специјализирана за модели на „Бе-ем-ве“. Возилото претходно имало само еден сопственик, кој ретко го возел, па километражата покажува 5.000 км, а и сè уште ги има оригиналните гуми.

Каросеријата, механиката и ентериерот во меѓувреме се доведени во речиси совршена состојба, така што новиот сопственик доби скоро „музејски примерок“.

Овој „М5“ е произведен 2003 година и ја претставува последната моделска година за генерацијата „Е39“, што значи дека е нејзина најдобра верзија. Познавачите веруваат оти во не толку далечна иднина, „E39 M5“ ќе вреди и ќе чини многу повеќе.


Администратор
08/04/2021 11:48