Во вакциналниот пункт на Општата болница во Гевгелија, изминативе четири дена од почетокот на вакцинирањето, вакцината Астра Зенека против Ковид-19 ја примиле околу 150 лица над 77-годишна возраст, потврди денеска директорот Митко Крџев.
Посочи дека од почетокот, поточно првите два дена, не се вакцинирале сите пријавени лица преку ,,Мој термин,, и дека имало откажувања од страна на лица кои во моментот биле насстинати или од други оправдани причини, но дека стравот никако не бил причина за одложување на вакцинирањето.
–Како одминува времето, интересот за вакцинирање меѓу оваа група граѓани од Гевгелија секој нареден ден е се поголем, а со спуштањето на старосната граница веќе се примаат за вакцинирање и заинтересирани граѓани постари од 70 години, нагласи Крџев.
Според денешното темпо на вакцинирање, директорот Крџев очекува оваа пратка од 400 дози од вакцината Астра Зенека во гевгелиската болница да бидат потрошени најдоцна до следниот петок.
На лечење во болницата се хоспитализирани 24 пациенти, а околу 50 се на дневно лечење со инфузиска терапија.