Една Кинеска, на денот на венчавката на својот син, открила дека тој, всушност, се жени за својата сестра.

Како што пишува „Ориентал дејли“, несудената свекрва забележала бенка на раката на „снаа ѝ“… Така, жената всушност ја препознала својата ќерка што ја напуштила пред повеќе од 20 години. Ги прашала родителите на девојката, дали таа е посвоена како бебе, а тие, иако изненадени од прашањето, одговориле потврдно… Ја нашле покрај пат, но дотогаш не ѝ рекле на својата ќерка дека е посвоена.

Меѓутоа, се покажало дека и младоженецот бил посвоен. Со ваквиот расплет, ништо не ги спречило младоженците да стапат в брак. Венчавката се одржала, а гостите имале повеќе причини за честитки.


Администратор
08/04/2021 23:36