Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од минус шест до еден степен, а максималната од осум до 17 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), претстои период на стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури во следните два дена на повеќе места ќе бидат негативни и под просекот за овој период од годината.


Администратор
09/04/2021 10:12