Привршува изградбата на параклисот „Св.Спас“ во Македонска Каменица. Манастирот започнал да се гради на иницијатива на делчевката Драгица Велиновска, по потекло од каменичкото село Тодоровци која за негова доградба ја бара поддршката од хуманите граѓани.

-Со помош на пријатели, роднини и добри луѓе, параклисот досега е изграден до кров. Останува уште фасадата и внатрешниот дел заедно со иконостасот. Сама не сум во можност да го изградам заради што апелирам до сите хумани граѓани да помогнат во рамки на своите можности, без разлика дали ќе помогне со градежен материјал или средства, вели Велинова.

Малата црквичка „Св.Спас“ се наоѓа кај месноста Каменички Рид и овде како што додава Велинова луѓето често свратуваат за да го најдат својот мир.

-Во близина на манастирот се наоѓаат три извори со вода, кои се направени за здравје за сите кои ќе го посетат местото. Помош во изградбата на параклисот „Св.Спас“ имам и од мојот син кој е во Италија и други луѓе на кои многу им се заблагодарувам. Пред корона пандемијата, секоја година овде се собиравме на празникот Вознесение Христово кој се слави секоја година 40 години по Велигден, додава Велиновска.

Минатата година, општо-народната свеченост кај параклисот по повод Вознесение Христово беше одложена поради пандемијата.


Администратор
09/04/2021 12:02