Моменталната состојба со Ковид-19 во охридската болница и изградбата на кислородна станица до модуларната ковид-болница во рамки на Општата болница беа тема на разговор на работната средба на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески со директорот на ЈЗУ Општа болница – Охрид, Горан Балески.

Градоначалникот Георгиески на директорот на Општата болница во оваа пригода му врачи донација „Охајо” кислородни маски, неопходни во лекување на пациенти кои што се на кислородна поддршка.

Георгиески и Балевски го посетија и Центарот за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“, каде исто така се лекуваат пациенти заболени од коронавирусот. И за потребите на Центарот беа донирани кислородни маски, донација обезбедена преку „СОС Балканмедиа“.


Администратор
09/04/2021 12:30