Најмалку шест лица загинаа во земјотресот со интензитет од шест степени според Рихтерова скала, кој денеска го погоди брегот на индонезискиот остров Јава, соопшти локалната агенција за катастрофи.
– Засега се потврдени шестмина загинати и еден сериозно повреден, изјави портпаролот на Националната агенција за помош при катастрофи, Радитија Џати.
Џати истакна дека неколку населени места во источниот дел на Јава биле евакуирани поради потресот.