Кошаркарите на Торонто триумфираа синоќа на гостински терен против Кливленд со 135:115 предводени од фантастичниот Гери Трент џуниор, кој натпреварот го заврши со 44 поени и рекорден процент на реализација од 85 отсто.

Трент џуниор, кој постигна девет тројки, погоди 17 од вкупно 19 обиди од поле и стана вториот играч во историјата на НБА лигата, заедно со Клеј Томпсон, кој постигнал над 40 поени со процент на реализација од најмалку 85 отсто.

Во другите натпревари, бранителот на титулата Лос Анџелес лејкерс го совлада Бруклин со 126:101, додека Јута, предводена од Донован Мичел (42 поени) триумфираше над Сакраменто со 128:112.

Резултати во НБА лигата од ноќта саботата и недела:

Кливленд – Торонто 115:135

Бруклин – Лос Анџелес лејкерс 101:126

Оклахома – Филаделфија 93:117

Јута – Сакраменто128:112

Голден Стејт – Хјустон 125:109

Феникс – Вашингтон 134:106

Портланд – Детроит 118:103.


Администратор
11/04/2021 12:17