Поради технички зафат во дистрибутивната електро-мрежа без електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Кисела Вода и општина Сарај.

Во период од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „23 Октомври" број седум, девет и 13, во општина Аеродром.

Во период од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Љубин во општина Сарај и дел од корисниците од улица „Китка" во општина Кисела Вода.