Во пресрет на пролетта, продолжува раззеленувањето на Општина Аеродром, која со право го носи епитетот најзелена општина.

Денеска се засадени 600 различни видови садници покрај реконструираниот паркинг на бул. „Јане Сандански“, со што дополнително се разубави овој простор. Станува збор за високоразгранети грмушки во вид на жива ограда, кои имаат способност да го апсорбираат загадувањето.

„Зелен и чист Аеродром е наш приоритет и секоја локација што го дозволува тоа ќе добие нови садници и ќе биде хортикултурно уреден. Неодамна заедно со учениците од основните училишта засадивме зимзелени и листопадни дрвја и ги претворивме училишните дворови во вистинска зелена оаза. За аеродромци обезбедуваме повеќе чисти и зелени површини“, порача градоначалникот Марин.

Зазеленувањето на општината ќе продолжи и во наредниот период.


Администратор
14/04/2021 15:40