Во најголемото штипско основно училиште (ООУ) „Димитар Влахов“ завршува комплетното уредување на училишниот двор, со поставување на бехатон плочки и нови жардињери.
Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов кој денеска изврши увид во градежните работи рече дека инвестицијата во училиштето изнесува околу 40.000 евра.
Дополнително реализирано е и хортикултурно уредување на училишниот двор со нови зимзелени садници и цвеќиња, нови клупи и изградба на летна училница.
– Дополнително најавуваме поставување на нови спортски реквизити, детски лулашки, лизгалки и асфалтирање на спортските терени., вели Николов.
Претходно во ова училиште, во неколку наврати инвестирано е во нов котел за парно греење, реновирање на спортската сала, реновирање на санитарни јазли, набавка на ИТ опрема и нагледни средства.