Во последните неколку дена се бележи стагнација на бројот на новозаболени од Ковид-19 во Кичево. Како резултат на оваа стагнација и бројот на хоспитализирани во модуларниот ковид центар е во благо опаѓање и денеска се регистрирани 38 пациенти, од кои барем половината се на кислородна поддршка и со потешка клиничка слика, информира д-р Неџат Балажи началник на оддел.

-Последните четири дена се бележи стагнација на бројот на новозаболени од Ковид 19.Така денеска од 30 пријавени за тестирање, се јавија 22 граѓани од кои осум се позитивни, што е уште една потврда дека опаѓа бројот на инфицирани, но во пораст е бројот на починати. Така во нашата општина во последните 24 часа имаме двајца починати од кои едно лице на возраст под 60 години, вели Балажи.

Тој посочува дека на интерното оделение се згрижуваат и суспектни и пациенти со невролошки и интерни проблеми, кои потоа се тестираат и ако се потврди дека се позитивни, се префрлаат во модуларниот ковид центар.

-За да ја утврдиме фактичката состојбана кај суспектни пациенти и лица со интерни или невролошки проблеми, накратко ги згрижуваме на интерно оделение и потоа ако тестот потврди дека се позитивни, се здрижуваат во модуларниот ковид центар, во спротивно остануваат да се лекуваат на ова оделение, додава д-р Балажи и апелира до граѓаните, ако имаат симптоми на ковид-19 веднаш да се јават на лекар.

-Уште еднаш би апелирал до граѓаните ако имаат симптоми на ковид, задолжително да се ја зават на лекар, а не самите симптоматски да се лекуваат и откако ќе им се влоши состојбата да побараат наша помош што во многу случаи може да биде кобно по нив, додава докторот