Од 31 минатиот месец заклучно со вчера во Струмица се вакцинирани 416 граѓани на возраст над 77 години.

Според директорката на Здравствениот дом во Струмица, Љубица Митева, вакцинирањето се одвива без проблеми.

-Вакцинацијата тече непречено и се одвива во најдобар ред со придржување на основните мерки за заштита. Досега ниту еден граѓанин не пријавил несакани последици од вакцините на „Астра Зенека“. Покрај вакцинирањето, кое се одвива во просториите на Службата за спортска медицина, вакцинирани се и тројца граѓани во домашни услови заради неподвижност, информира Митева.

Инаку, Здравствениот дом во Струмица досега доби 700 вакцини, од кои 600 на почетокот и 100 пред неколку денови.