Oд почетокот на годинава до денеска 14 април во Тетово сообраќајната полиција бележи дека вкупно биле санкционирани и подигнати од „пајак-службата“ 402 погрешно и непрописно паркирани возила, претежно во централното градско подрачје. Станува збор за возила кои најдиректно го попречувале нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, а биле паркирани во зона на крстосници, во таканаречени „двојни редови“ или на други недозволени места.
-Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со апел до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот и максимално да внимаваат во текот на таканаречените „сообраќајни шпицеви“ од 10 до 13 часот и од 15 до 18 часот. Активностите за поголем ред и безбедност со паркирањето во Тетово ќе продолжат и во наредниот период, како и континуираните контролни акции за брзина и престигнување, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Само вчера (13 април) подигнати се 17 возила, најмногу на улиците „Борис Кидрич“, „Илинденска“, „120“, „ЈНА“ и „Видоја Смилевски-Бато“.