Наташа Гулабовска Георгиевска е годинашен победник на општинскиот натпревар „Вешта жена 2021/2021“ во Битола.
Традиционалната манифестација по прв пат се одржа онлајн, а збирот на кулинарски специјалитети кои Гулабовска Георгиевска ги наслови како „Рамка на животот“ доби најмногу гласови (лајкови) со што го доби признанието „Вешта жена“ во Битола за оваа година.
На натпреварувачката трпеза подготвена од Наташа Гулабовска Георгиевска, која се истакнува и со слаткарскиот занает, годинава беа изложени главно јадење насловено како „Фонтана на желбите“, торта „Клучот на среќата“ и други вкусни производи од нејзината домашна кујна.
Со постигнатиот успех на општинскиот натпревар, битолчанката Гулабовска Георгиевска ќе учествува на републичкиот натпревар „Вешта жена“.