Поаради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, во текот на утрешниот ден без електрична енергија ќе останат неколку улици низ општините Бутел, Студеничани, Кисела Вода, Сарај и Ѓорче Петров.

Во период од 08:30 до 13 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. 1506 Визбегово, од 07:30 до 13 часот, корисниците од Алдинци, Мала Река, место викано Гумно, кај хотел/рибник Принц, потоа од 09 до 10 часот, корисниците од дел сервис АМ Церт – Аутомакедонија на бул. Борис Трајковски, ул. Ѓорѓи Сугаре градинка Весели Цветови, ул. Ѓорѓи Сугаре бр. 4, 6, 8, 10, од 08:30 до 12:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел с.Глумово, Шишево и Матка, од 09:45 до 13:30 часот, корисниците од дел од ул. Црногорска кон пруга, дел од ул. Радушка, дел од ул. Атанас Иљоски, дел од ул. Борис Сарафов, како и од 09 до 12 часот, корисниците од дел од с. Долно Количани, стои во соопштението од РЦУК.


Администратор
15/04/2021 13:26