Министрите за надворешни работи на членки на Европската унија – Естонија, Латвија и Литванија пристигнаа утрово во Украина, во знак на солидарност со земјата во врска со трупањето на руската војска, изјави портпаролката на естонското Министерство за надворешни работи Ари Лемик.

„Мисијата на заедничката посета е да се изрази силна поддршка на Украина и да се потврди поддршката за нејзиниот територијален интегритет и суверенитет“, изјави Лемик.

Таа додаде дека во последните недели има зголемување на насилството и интензивирање на вооружените конфликти во Донбас.

„Навистина сме загрижени за трупањето руски трупи распоредени долж границата со Украина и окупираните територии“, рече портпаролката.


Администратор
15/04/2021 15:22